Трипуновски најави дека за скоро ќе бидат исплатени субвенциите од 3 денари за килограм пченица како дополнителна мерка
Списоците се во завршна фаза и во наредниот период многу скоро од сега ќе бидат исплатени субвенциите
Министерот Цветан Трипуновски најавува исплата на дополнитената мерка за три денари по килограм пченица.
-Околу есенската сеидба јас сум секојдневно во комуникација со земјоделците. Тековско Инспекторатоот правеше контрола на семенскиот материјал, дали е согласно правилата и квалитетот, нормално и на вештачките ѓубрива. Како Влада ја донесовме мерката за дополнителните 3 денари за откупена пченица и веќе списоците се во завршна фаза и во наредниот период многу скоро од сега ќе бидат исплатени субвенциите, што значи дополнителен стимул да ги зголемиме површините со пченица за оваа година. Нормално ќе го следиме целиот процес и наша интенција е идната жетва да биде многу побогата за да го намалиме увозот ккао потреба што го имаме како држава, рече Трипуновски во Новаци.