Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Трипуновски-Несериозниот и задоцнет пристап на власта ќе ја остави Македонија без храна!
Додека завршат сите процедури и да се потпишат договорите ќе бидат пробиени сите рокови за сеидба на пченка, сончоглед и останатите култури тоа во превод значи од овој оглас жетва ќе има дури идната година.
Несериозниот и задоцнет пристап на власта ќе ја остави Македонија без храна!
Со денешната пресконференција Сдсм уште еднаш покажа дека ниту имаат знаење, план и визија како да го зголемат домашното производство на храна. Она што денес го презентира Сдсм од партиските простории е чист популизам каде се презентираа задоцнети мерки.
Накратко да објаснам зошто се задоцнети и нефункционални, имено со распишувањето на овие над 5 000 хектари за производство на стратешки култури тотално е промашена оваа производна година што значи власта ќе мора да коленичи и моли во соседството за количини пченка, пченица и брашно . Зошто ?
Затоа што додека завршат сите процедури и да се потпишат договорите ќе бидат пробиени сите рокови за сеидба на пченка, сончоглед и останатите култури тоа во превод значи од овој оглас жетва ќе има дури идната година.
Ако навистина сакаа да интервенираат со навремени и правилни мерки требаше да не послушаат и уште во јануари да го распишат слободното државно земјиште на оглас за да се фати сеидбениот план навреме, напиша Цветан Трипуноски на Фејсбук како реакција на прес конференцијата на СДСМ.