fbpx
Агро бизнисВести

Трипуновски: Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и во краставица

Трипуновски беше дециден дека министерот за земјоделство Љупчо Николовски и директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски мора да понесат одговорност и ги повика да поднесат оставки од функциите

Олово, кадмиум и арсен, тешки метали штетни за човековото здравје се пронајдени во домат и во краставица, покажуваат новите извештаи од анализа направена од Државната фитосанитарна лабораторија, изјави на прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ објавувајќи документи како потврда за тврдењето.

„Во денешниве извештаи кои ги презентирам се официјални документи архивирани и потпишани од ДФЛ односно од МЗШВ, во кои се констатира присуство на олово, кадмиум и арсен. Првиот извештај се однесува на направена анализа на домат, нарачател е АХВ, примерокот е земен на 28.05.2023, а анализата е извршена на 30.05.2023 година. Она што сакам да го презентирам пред јавноста е што во оваа анализа на домат, констатирано е присуство на кадмиум од максималните дозволени количини 0,05 мерни едници, во извештајот се детектирани 1,34 мерни единици. Ова е за 27 пати над дозволените количества коишто треба да ги има овој производ. Вториот хемиски елемент, тежок метал олово, согласно правилникот за максимално дозволено ниво е 0,10 мерни единици, а во овој резултат количеството на детектирано олово е 4,48 мерни единици или за 45 пати над дозволената граница“,

изјави Трипуновски.

Тој презентираше документи и за направени анализи на примерок од краставица.

„Вториот резултат од ДФЛ се однесува на примерок од крставица, нарачател за земање примерок е АХВ, земен примерок на 28.05.2023 година, а датум на завршување на анализата е 30.05.2023 година. Овде, во овој резултат се детектирани три хемиски елементи, односно тешки метали. Првиот е арсен, каде што согласно правилникот, не е дозволено присуство на овој тежок метал во храната. И во резултатот е детектирано 2,0 мерни единици, што е катастрофален податок. Вториот тежок метал е кадмиум со резултат од 0,64 мерни единици, што е за 13 пати над дозволената граница. И третиот елемент, односно тежок метал е оловото, коешто е детектирано со резултат од 37,43 мерни единици, што е за фрапантни 374 пати над дозволената граница“,

посочи Трипуновски.

Тој апелираше до граѓаните да внимаваат бидејќи истите производи најверојатно веќе биле пуштени во промет низ цела територија на државата.

Трипуновски беше дециден дека министерот за земјоделство Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски мора да понесат одговорност и ги повика да поднесат оставки од функциите.

„Јавно им порачувам на Николовски и Бабовски кој деновите откако јавно обелоденив за овој скандал им испратил дописи на вработените во АХВ со кој им забранува изнесување на информации кои се од јавен интерес, дека времето за закани и уцени завршува. Стручните лица се јасни, последиците од оловото, кадмиумот и арсенот се канцерогени и докажано е дека предизвикуваат оштетување на внатрешните органи посебно кај помладата популација. Здравјето на граѓаните е пред и над сè и за него нема простор за калкулации. Го прашуваме и ЈО, кое наместо да реагира соодветно, се става во одбрана на владата на СДС, Николовски и Бабовски, како може труењето на граѓаните со тежок метал да не е предмет на јавен интерес и дали треба некој да умре, за да реагира по допрен глас? Бабовски и Николовски мора да понесат одговорност. За почеток, нека си поднесат неотповикливи оставки“,

изјави претседателот на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close