
Агро бизнисВестиТоп вести
Трипуновски – Постигнат е договор со странска фирма за откуп на индустриско јаболко -11 денари за килограм
До вчера цената изнесуваше 9 денари, денес 11 денари
Министерот Цветан Трипуновски објави дека заедно со компанијата „Брачко Фруит“ – Ресен успеале да постигнат договор со странска фирма за откуп на индустриско јаболко по највисока моментална цена – 11 денари за килограм!
-До вчера цената изнесуваше 9 денари, но со вложени напори и заедничка соработка успеавме да обезбедиме подобри услови за нашите земјоделци.
Во моментов само две фирми – „Брачко Фруит“ и „Голден Фруит“ – откупуваат по оваа цена.
Ова е доказ дека со упорност, посветеност и вистинска поддршка можеме да постигнеме реални резултати во корист на македонските производители и на Преспанскиот регион, објави Трипуновски.