fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Трипуновски со задоволство чекал тужба од струмичкиот градоначалник Костадинов

Народот има право да пие квалитетна и безбедна вода!

Министерот Цветан Трипуновски на својот Фејсбук профил објави дека чека тужба од струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов најверојатно поттикната од решавањето на проблемот со водоснабдувањето на Струмица.
-Со задоволство ја очекувам тужбата за клевета од Костадин Костадинов, за да се соочиме со факти и аргументи на Суд.
Му порачувам на Костадинов наместо да плаче и да глуми жртва при телевизиски гостувања, наместо да дава пари за скапи адвокати кои ќе го влечкаат по судови, нека си ги засука ракавите, нека направи стратегија за итно решавање на проблемот и нека се фати сериозно за работа.
Јас и на прес конференцијата кажав, а сега и ќе повторам, лично стојам на располагање со мојот тим со идеи, механизација и друг вид на помош да се излезе во пресрет.
Но не нему, туку на народот кој има право да пие квалитетна и безбедна вода!
Да го потсетам Костадинов дека негова обврска како градоначалник е да обезбеди, дистрибуира питка вода за пиење до секој дом за која секое домаќинство уредно си плаќа!
Тој треба да ја признае вистината на струмичани зошто ги држи во заложништво повеќе од 3 недели жителите без питка вода за пиење наместо да ги бара виновниците во редовите на ВМРО, зошто кога нешто ќе згрешат ние сме им криви.“, пишува Трипуновски.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close