
Агро бизнисВестиТоп вести
Трипуновски во посета на свињарска фарма во село Чичево – македонските компании можат да бидат лидери во сточарството
Министерот вели ќе продолжат да ги поддржуваат ваквите иновативни компании кои придонесуваат за развојот на нашиот аграрен сектор
Министерот Цветан Трипуновски беше гостин на модерната свињарска фарма на компанијата АГРИА во село Чичево.
Како што објави, фармата имаат висок степен на биосигурност на фармата, висок стандард на производство и грижа за добросостојбата на животните.
-АГРИА е докaз дека македонските компании можат да бидат лидери во областа на сточарството. Покрај производството на висококвалитетно свинско месо, компанијата се истакнува и со:
Сопствена фабрика за производство на добиточна храна во северниот дел на Македонија.
Фарма за производство на говедско месо.
Оваа посета ми даде можност да се запознаам со предизвиците и потребите на модерното македонско земјоделство.