Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Трипуновски – Земјоделци имате 5 јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари

Во рамките на Јавниот повик бр. 01/26, кој ги опфаќа регионите Битола и Прилеп, по 20-тина години приоритет при доделувањето ќе имаат сточарите, со цел развој на сточарството како една од најважните гранки во земјоделството.

Министерот Цветан Трипуновски објави – Објавени се 5 јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари.
Со ова исполнуваме уште едно ветување, продолжуваме со политиките за ставање во функција на секој хектар од земјоделското земјиште во корист на земјоделецот.
Во рамките на Јавниот повик бр. 01/26, кој ги опфаќа регионите Битола и Прилеп, по 20-тина години приоритет при доделувањето ќе имаат сточарите, со цел развој на сточарството како една од најважните гранки во земјоделството.
Сите заинтересирани земјоделци можат да се информираат за условите во подрачните единици на Министерството.
Заедно создаваме посилно и одржливо земјоделство.

Поврзани новости

Back to top button