Тркалезна маса за резултатите од студијата за производство на тутун и ефектите од субвенциите за тутун
Ова е прва студија во земјава што дава сеопфатна анализа и податоци за земјоделските субвенции, посебно за субвенциите за тутун и нивниот ефект врз производството на тутун.
Аналитика тинк-тенк денеска организира тркалезна маса на тема „Презентација на резултати од првата студија – Производство на тутун и ефектите од субвенциите за тутун во РС Македонија”.
На настанот ќе се презентираат наодите и резултатите од сеопфатната анализа на тутунското производство и субвенциите за тутун во земјата и ќе се дадат препораки за креаторите на политики за усвојување на поефикасни политики за земјоделските субвенции и субвенциите за тутун.
Ова е прва студија во земјава што дава сеопфатна анализа и податоци за земјоделските субвенции, посебно за субвенциите за тутун и нивниот ефект врз производството на тутун.
Настанот е дел од меѓународниот научно-истражувачки проект „Унапредување на даночни политики за тутун во земјите со низок и среден доход” финансиран од Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC) и Bloomberg Philanthropies. https://www.biznisvesti.mk/demonstratsija-na-izveduvane-na-misijata-na-nato-za-vozdushno-patrolirane-nad-severna-makedonija/