fbpx
ВестиТоп вести

МЗШВ отвори кол центар за потребите на земјоделците и агробизнисмените

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство отвори кол центар наменет за земјоделците, агробизнисмените и сите граѓани, а со единствена цел – навремено да ги добијат сите потребни услуги и информации што ги интересираат.

Телефонските броеви на кои што ќе можат да се јавуваат земјоделците и агробизнисмените се  071/204-137; 070/415-314; 070/415-389.

Овие телефонски линии ќе бидат достапни од 8 часот наутро до 17  часот попладне.

Преку кол центарот земјоделците и агробизнисмените  ќе можат да добијат информации поврзани со исплата на субвенции, рокови за аплицирање за конкретни мерки, огласи за земјиште и сите останати информации од областа на земјоделство.

Воедно, преку кол центарот ќе може да се пријавуваат и одредени проблеми со кои се соочуваат земјоделците и агробизнисмените како и информации за незаконски дејствија. На овој начин Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство навреме ќе може да одговори на сите прашања што ги засегаат земјоделците, агробизнисмените  и сите граѓани, да реагира и да преземе мерки за брзо решавање на секој проблем поединечно.

Воведувањето на кол центарот како модел за транспарентност, е новина и за прв се воведува во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Уште од јуни МЗШВ ги отвори вратите за земјоделците и за агробизнисмените, за решавање на нивните проблеми и за преземање на системски мерки за развој на земјоделството. Воведувањето на кол центарот е само продолжение на започнатиот транспарентен однос на МЗШВ и уште еден доказ за отвореноста на МЗШВ како институција која ќе функционира исклучиво како сервис за сите чинители во земјоделскиот сектор.

Начелото на правичност и транспарентност и во следниот период ќе биде едена од главните цели на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, бидејќи само преку отворен дијалог може да се постигнат зацртаните цели за развој на земјоделскиот сектор.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close