fbpx
Агро бизнисВкусот на традицијатаМакедонијаМлад земјоделец

Турција лани од извоз на лешници заработила речиси 2 милијарди долари

Турција во 2020 година извезе вкупно 280.924 тони лешници, со што оствари приходи од речиси две милијарди долари, пренесува Агенција Анадолија (АА). Турција, инаку, е најголемиот светски извозник на лешници, а приходот го остварила за четири месеци, меѓу септември и декември минатата година.

Турција во 2020 година извезе вкупно 280.924 тони лешници, со што оствари приходи од речиси две милијарди долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турција, инаку, е најголемиот светски извозник на лешници, а приходот го остварила за четири месеци, меѓу септември и декември минатата година.

Според податоците на Здружението за извоз на лешници и производи од регионот на Црното Море, бројката за четиримесечниот период паднала за 32,7 отсто во однос на истиот период претходната година.

Околу 70 отсто од лешниците од Турција биле извезени во земјите на ЕУ – околу 75.200 тони лешници. Во 2019 година заработката на Турција од извоз на лешници изнесуваше околу 2,3 милијарди долари, кога беа извезени рекордни околу 319.772 тони лешници. Последните години посебно се зголеми извозот на лешници од Турција на кинескиот пазар, наведува агенцијата.

https://nezavisen.mk/turcija-lani-od-izvoz-na-leshnici-zarabotila-rechisi-2-milijardi-dolari/

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close