ВестиМакедонија

Македонските граѓани во банките повеќе штедат во денари отколку во девизи

Вкупниот износ на депозити кај населението во банкарскиот сектор изнесува 280.991 милиони денари, односно 4.6 милијарди евра.

Според извештаите на Народната банка за банкарскиот сектор во земјата за 2020 година и направената анализа од нашиот портал Денар, констатиравме дека македонските граѓани во банките повеќе штедат во денари отколку во девизи.

Вкупниот износ на депозити кај населението во банкарскиот сектор изнесува 280.991 милиони денари, односно 4.6 милијарди евра.

Депозитите на граѓаните во банките се поделени во три групи, и тоа Депозити по видување, Краткорочни депозити и Долгорочни депозити.

Според извештаите на Народната банка, македонските граѓани чуваат 81.691 милиони денари депозити по видување во денари, додека во девизи чуваат 59.207 милиони денари. Мораме да напоменеме дека во депозитите по видување се сметаат и средствата кои граѓаните ги имаат и на своите трансакциски сметки во банката.

Краткорочни депозити во денари чуваат 23.227 милиони денари, додека девизните краткорочни депозити изнесуваат 39.127 милиони денари.

Македонските граѓани долгорочни депозити чуваат вкупно 77.739 милиони денари, од кои 43.414 милиони денари се денарски депозити и 34.325 милиони денари се во девизи.

Од анализата на извештаите може да се забележи дека македонските граѓани имаат максимална доверба домашната валута, бидејќи поголем дел од депозитите кои ги штедат во банките се во денари.https://denar.mk/239894/ekonomija/makedonija-ekonomija/vo-koja-valuta-najmnogu-shtedat-makedonskite-gragjani?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=vo-koja-valuta-najmnogu-shtedat-makedonskite-gragjani

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close