вестиРурален туризам

Туристи од Словачка во посета на Мариово

mariovo

Дваесетчлена група туристи од градот Мартин од Словачка, вљубеници во „off road” авантурите денеска со осум џипови ја посетија општина Новаци, каде остварија средба со градоначалникот Лазар Kотевски.

Дваесетчлена група туристи од градот Мартин од Словачка, вљубеници во „off road” авантурите денеска со осум џипови ја посетија општина Новаци, каде остварија средба со градоначалникот Лазар Kотевски.

– Гостувањето на туристите од Словачка во Новаци и Мариово е резултат на брзо препознавање на нашата понуда за алтернативниот туризам. Драго ни е што имаме ваква странска делегација која разбрала за убавините на нашата општина и тргнала во авантура на нашите простори, посочи градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Тој додаде дека тие ќе го посетат селото Зовиќ каде ќе ручаат во етно куќата, а ќе го посетат и Кајмакчалан.

Туристите од Словачка по престојот во Мариово продолжуваат за Албанија и Црна Гора.


 

вечер.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close