fbpx
ВестиМеханизацијаТоп вести

Турската фирма „Куртсан“ го освојува македонскиот пазар

 

„Куртсан“  е фирма која што години наназад  произведува машини за молзење. Седиштето  на фирмата е во Истанбул Турција, но со успешното  менаџирање  и со квалитетните производи се наметна на поширокиот светски пазар. Во соработка со Синпекс Битола кој е генерален застапник на гамата на производи на Куртсан и македонските производители може да си ги дозволат најсвовремените достигнуивања од молзната опрема.

Наскоро во Македонија ќе биде организиран саем на кој што ќе биде презентирана  најразлична шталска опрема, сеедно дали станува збор за крави, овци, кози или др. вид на добиток.

 

„Многу години наназад соработуваме  со Синпекс како наш главен дистрибутер  на нашата целокупна гама производи. Мислиме дека условите сега се подобри и дека можеме да настапиме со конкретни производи во делот на нашата опрема, конкретно шталска опрема, изјави за Зелена берза Љупчо Стојчевски, регионалне менаџер на компанијата Куртсан. Имаме намера да направиме домашен саем со презентација на најновите производи и најновите решенија за молзна опрема. Саемот го планираме во соработка со нашиот најголем генерален дистрибутер Синпекс и млекарата Бимилк од Битола. Имаме намера да посетиме над 200 директни производители на млеко“, додава Стојчевски.

Од своето основање па до денес „Куртсан“ израсна во холдинг во чиј состав функционираат 7 фирми. Основна дејност на сите им е производство на молзна опрема. Ако пред 30 години фирмата започнала со 2-3 вработени, бројот на вработените денес е искачен на 500. Исто така зголемен е и бројот на производите што се нудат.

 

„Од наједноставни модели денес сме стигнати до најкомплицираните компјутерски модели, роботско молзење, се’ она што претставува врв во молзењето т.е. во системот  на молзење во светот. Моментално, помалите молзачки, кои ги нарекуваме молзачи на колички, сме први производители во светот со произведени 500 000 единици. Исто така и со системите за молзење сме  дел од најголемите  6-8 лидери во светски рамки. Минатата година  реализиравме комплетно  360 проекти со клуч на рака, молзилишта преку ИПАРД програмата, во Труција, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и др.“ изјави за Зелена берза Љупчо Стојчевски.

 

Куртсан има директен извоз на производи  во 102 земји, а индиректно  извезува и во 160 земји, така што присутни се со своите производи скоро во цел свет.

 

Павлина Јовановска

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close