Денеска тутунопроизводителите чии што презимиња започнуваат на буквите А, Б, В, Г и Д, ќе можат да ги подигнат парите за субвенциите за тутунот на шалтерите на банките.
Во текот на утрешниот ден, според редоследот за подигнување на готовина од банка, се тутунопроизводителите чии што презимиња започнуваат на Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј и К.
Истовремено ве известуваме дека во периодот од 21 до 24 април, во општините каде што живеат повеќето од тутунопроизводителите, со продолжено работно време od 8 до 17 часот ќе работат филијалите и експозитурите на:
• НЛБ Банка: Прилеп, Битола, Радовиш, Велес, Струмица, Кочани, Кавадарци и Неготино;
• Стопанска банка АД Скопје: Прилеп, Битола (Широк Сокак), Радовиш и Струмица.
Во другите општини, филијалите и експозитурите на сите банки ќе работат според постојното работно време во овој период. Во општините во коишто банките ќе работат со продолжено работно време, при посета на филијала или експозитура заради подигнување готовина од исплатени субвенции, за тутунопроизводителите, движењето ќе биде овозможено до 18 часот.
И при одењето во банка, потсетуваме,зарадизаштитанајавнотоздравје, да се почитуваутврдениотраспоред и препораките за држање на растојание додека се чека ред.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, потенцира дека уплатените средства, веќе се на сметките на тутунопроизводителите и им се на располагање постојано и доколку немаат потреба од подигање на готовина во банките, тоа имаат можност да го сторат и во следните денови на банкоматите, со цел да не се создваат гужви во банките, а во интерес на заштита на колективното здравје.
Истовремено, потсетуваме дека заради заштита на здравјето, соодветно е овие средства да ги користите и со употреба на електронското или мобилното банкарство, преку коишто може да вршите и трансакции/плаќања итн. Со тоа ќе избегнете физичка посета на банките и чекање во ред, и клучно – ќе го заштитите и своето и здравјето на другите.
Субвенциите за тутунот се веќе се на банкарските сметки на корисниците. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој, исплати над 30 милиони евра на 19.050 тутунопроизводители за субвенции за тутунот од реколтата 2019.