Пчелниот парк во Вешје потенцијал за иден Апицентар во регионот

(Oвој напис е објавен на: June 29, 2018)

Неколку пчелари од здружението „Неготински мед“ ги поставија првите три пчелни семејства (нуклеуси) од високо селектирани матици во Пчелниот парк, иден Апицентар во селото Вешје.

Претходно беше уреден оградениот простор и се фарбаа пчелните сандаци.

– Согласно програмските активности за 2018 година, се оствари најважната активност за почнување со работа на Пчелниот парк, иден Апицентар, каде ќе се врши едукација преку примена на најмодерните апитехники, предавања и работилници согласно календарот на пчеларското работење, велат од Општината.

Ова е продолжување на активностите по завршување на ИПА проектот за поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекуграничната област „BEECONOMY” на ЕУ и Општина Неготино.

Плановите на „Неготински мед“ и Општината се пчелниот парк да прерасне во Регионален тренинг Апицентар.


 

а1он