fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Сојузот и Менде да ни ги платат трошоците за превоз за протестот пред Влада, бара Иницијативниот одбор

Тутунарите утре одат на протест пред Влада, но најголем проблем им е трошокот за превоз.

Иницијативниот одбор на тутунари јавно на Фејсбук ги повика Сојузот на тутунарски здруженија и претседателот Менде Стомнароски утре да им го платат превозот за протестот во Скопје.

Тутунопроизводителите поддржувачи на Иницијативниот одбор велат дека утре одат на протест пред Владата на  Македонија за да го искажат своето незадоволство од откупот на тутунот, незадоволни од проценката на тутунот, од договореното со МЗШВ, Владата и отупувачите, но најголем проблем за нив е превозот, бидејќи финансиски исцрпени не се сите во можност да си ги  платат трошоците за превоз, велат од Инивијативниот одбор.

Тутунарите членови на тутунарските здруженија за предадениот тутун оставаат по 0,35 проценти од пресметката на тутунот за здружението на тутунари. Сега велат тие пари редно е да им се вратат назад за покривање на трошоците.

Иницијативниот одбор вчера упати апел и до бизнисмените да им помогнат околу трошоците за превоз за утрешниот протест.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close