fbpx
Вести

Заштита на автохтони сорти овошје во Делчево

Здружението на производители на органски производи „Аронија“ од Делчево ќе ги спасува од исчезнување автохтоните сорти овошје во Пијанец и Малеш.

Активностите се дел од проектот „Зачувување на автохтоните сорти овошни култури во источно-планскиот регион во Р. Македонија“ поддржан од Глобалниот еколошки фонд.

Како што истакна Фиданчо Христов од „Аронија“ на прес-конференција, во рамки на проектот ќе се изврши детерминација, испитување на здравствената состојба и ревитализација на автохтоните сорти овошје, а целта е обновување и зачувување на овие овошни култури.

– Во рамки на проектот се планираат три обуки на кои ќе учествуваат 75 овоштари од Делчево, Берово и Пехчево. Тие ќе се едуцираат како да се ревитализираат автохтоните јаболка, круша и сина слива, за да се обноват и да почнат да даваат род, рече Христов.

Според него, автохтоните сорти овошја даваат поквалитетен род, отпорни се на болести, не се прскаат и плодот има поголема калорична вредност.

Проектот ќе се спроведува до ноември идната година.

На здружението „Аронија“ ова му е е втор проект за зачувување на автохтоните овошни култури во Пијанец. Пред четири години се обновуваа насадите со јаболкото „циганка“ и крушата „сулија“, а беа засадени над 3.000 вакви садници во Пијанец и Малеш.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close