Тутунарите не се министри, ама не значи дека се неписмени!
Тутунарите со реакција -Владата на смееше да го дозволи овој катастрофален откуп на тутунот
-Владата им помага на тутунарите давајќи пари на Тутунскиот комбинат? Сум чул многу демагогии ама ова е врв. За кои количини откупен тутун Владата го финансира Тутунски? По која логика, по кои пресметки владата дојде до потребната сума? Мене ми е жал што морам да реагирам, но ги предупредувам господата од владата да не си играат со интелектот на тутунарите. Можеби ние не сме министри ама тоа не значи дека сме толку неписмени.Владата го финансира грабежот врз тутунарите. Ако сакаше да им помогне на тутунарите немаше да дозволи да се случи сето она што се случи оваа зима. Ова доаѓа, од една страна ме гали од друга ме тепа. Не може да се вадат со наводна грижа за тутунарите, реагира тутунарот Васко Јосифовски член на „Тутунска надеж“, поинформацијата на МЗШВ дека ТКП ќе добие пари од државата за откуп на вишокот на тутун. https://zelenaberza.com.mk/tutunski-prilep-dobiva-pari-od-drzhavata-za-otkupeniot-vishok-na-tutun/