fbpx
ВестиТоп вести

Тутунарите се надеваат на повисока откупна цена годинава

Тутунарите насадија приближно исти површини како лани, но се надеваат дека откупните цени годинава ќе бидат повисоки. На нивна страна се проценките дека родот оваа сезона ќе биде помал од плановите за откуп на монополите.

tutunarite se nadevaat na povisoka otkupna cena godinava

 

Тутунарите очекуваат помал род, но со подобар квалитет од ланскиот. Првичните проценки се дека сезонава на монополите ќе им се понудат за откуп не повеќе од 25.000 тони тутун.

Десете монополи склучија 30.000 договори со тутунари и бараат да купоат повеќе за 1.000, односно 26.000 тони.

Производителите на тутун, пак според квалитетот на родот очекуваат и дека на откупот цената ќе е повисока од лани кога се продадоа 19.000 тони во просек по 185 денари за килограм.

Од вкупно 14.000 хектари со оваа култура, годинава по долга пауза има и заинтересирана грчка фирма за откуп на широколистниот тутун од типот Вирџинија кој е застапен на 30 хектари.

Тутунската индустрија учествува со 3,2 проценти во бруто домашниот производ, и 4 отсто во вкупното индустриско производство.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close