Тутунарите со поддршка за лозарите-Лозари не наседнувајте на преговори
Истото ова ни се случи и нам на тутунарите со минатата реколта и можам да кажам дека ниту тутунот се откупи во целост ниту пак имаше ефект од преговорите.
Тутунарите излегоа со поддршка за лозарите и со порака да не наседнуваат на преговори.
-Со жалење можеме да констатираме дека лозарите како и минатата година повторно може да бидат изиграни и прелажани како од винариите така и од институциите и родот да им биде земен така речи по багателни цени. Да не наседнуваат на никакви преговори и разговори кои имаат за цел да се купува време, а откупот да си тече и грозјето да се дава по мизерни цени. Истото ова ни се случи и нам на тутунарите со минатата реколта и можам да кажам дека ниту тутунот се откупи во целост ниту пак имаше ефект од преговорите. Затоа ние како земјоделски и тутунски здруженија даваме максимална поддршка и ве охрабруваме да истраете на блокадите и вашите барања, бидејќи поучени од лично искуство ве уверуваме дека само така може да се изборите за подобри цени, порачуваат од новоформираните тутунарски здруженија.