fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Тутунарите во Струмичко во паника оти„ДАЛИЈА ТАБАК“ НЕМА ДА ОТКУПУВА ЗАШТО НЕМА ПАРИ ЗА СКЛУЧЕНИТЕ ДОГОВОРИ

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) потврдија дека компанијата „Далија Табак“ уште го нема почнато откупот и дека ќе се бара решение што со договорените количини на оваа компанија. Ова прашање ќе биде отворено на утрешната средба со откупувачите, но уверуваат дека сите произведени количини ќе бидат откупени.

Над 100-тина тутунари од Струмичко се собраа во населеното место Градашорци, бидејќи фирмата  „Далија Табак“ со која што склучиле договор за откуп на тутунот од ланската реколта, сè уште го нема почнато откупот. Добиле информација дека ова компанија ова сезона не планира да ги превзеде договорените количини бидејќи немала пари. Од таа причина, тие бараат од државата одговор кај кого да се обратат и дали нивните произведени количини некој ќе им ги откупи дотолку повеќе што тоа им е единствен извор на егзистенција.

„Имаме склучени договори, но тутунот ни стои. Откупниот пункт во Владевци уште е затворен. Добивме информација дека ова сезона нема да откупуваат. Ни кажаа да си бараме чааре. Кај да одиме, кога сите компании овршат откуп само од своите кооперанти со кои склучиле договори. Бараме Владата да ни помогне и да го реши овој проблем, бидејќи ќе немаме пари да си ги платиме основните давачки. Ако проблемот не ни се реши, излегуваме на протести. Не сме малку, само во Градашроци не има околу 80-тина производители, а ги има и од околните села но и од Радовишко“,  ни кажа Ерол Демов, тутунопроизводител од Градашорци.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) потврдија дека компанијата „Далија Табак“ уште го нема почнато откупот и дека ќе се бара решение што со договорените количини на оваа компанија. Ова прашање ќе биде отворено на утрешната средба со откупувачите, но уверуваат дека сите произведени количини ќе бидат откупени.

„’Далија Табак’ не откупува бидејќи Инспекторатот утврди дека во законскиот рок не обезбеди финансиска гаранција за договорените количини тутун. МЗШВ прави напори за откуп на договорените количини на тутун од ланската реколта склучени со откупувачот ‘Далија Табак’. Став на Министерството е дека нема да остане неоткупен ниеден лист на тутун оваа година“, соопшти Министерството.

Производителите од Струмичко бараат да бидат откупени сите количини тутун од ланската реколта не само договорените. Паралелно тврдат дека има производители кои немаат ниту договори. Од МЗШВ велат дека за ова ќе се разговара кога откупот ќе биде при крај.

„Заеднички став е дека треба да биде откупен целиот тутун, но таа ситуација ќе биде разгледана заеднички кога откупот на тутун ќе дојде до 70% од реализацијата. Сега се наоѓаме на 25 % реализација на откупот на тутун“, велат од Министерството.

Од самиот старт, откупот на тутунот од ланската реколта во земјава го следат протести и незадоволства пред сè од проценката по класи од откупувачите.https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/tutunarite-vo-strumichko-vo-panika-oti-dalija-tabak-nema-da-otkupuva-zashto-nema-pari-za-skluchenite-dogovori/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close