Тутунарите задоволни од откупувачите, постигната задоволителна цена

(Oвој напис е објавен на: March 3, 2017)

tutunarite zadovolni od otkupuvachite postignata zadovolitelna cena

Тутунарите годинава задоволни од цената и од откупот на тутунот. Вкупно 6.040 тони тутун или над 30 отсто од очекувањата за годинешната реколта се откупени заклучно со 3 декември или за неполни три недели од почетокот на откупот на 15 ноември.

Просечната откупна цена е 190,15 денари за килограм, количините ги преземаат осум откупувачи, а исплатата е реализирана 46,44% со префрлени 533 милиони денари. Субвенциите за тутунот изнесуваат 60 денари за килограм, што значи дека во моментов производителите просечно добиваат по 250 денари за килограм тутун.

Share Button