fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Тутунот се помалку ќе се бара, но за него науката засега нема соодветна замена

Увозот на тутун не е причината за лошата година која ги погоди тутунарите, туку се помалата побарувачка за тутун во светски рамки заради ковид кризата и електронските цигари.

Во Македонија никогаш не бил забранет увозот на тутун, бидејќи домашните фабрики за цигари имаат потреба од само 5% од ориенталскиот тип на тутун каков што се произведува во земјава додека другите 95% се типови на тутун кои воопшто ги нема кај нас како што се широко лисните типови на тутун „Вирџинија“ и слично. Според професорот по тутун, Златко Арсов, од Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје, кој долги години ги следи состојбите со тутунот и директно е вклучен во носењето на мерилата и законските акти информациите дека заради увоз се случи да имаат тутунарите ваква лоша година се манипулација. Ова не е ништо ново или невообичаено. Ова се прави вака изминатите 30 години. Нашите фабрики за цигари се многу мали со годишно производство од едвај 3,5 илјади тони на цигари во која тежина е пресметано целата цигара, а во која само 5% е ориенталски тип на тутун. Забуната можеби е настаната со ориентален тип на тутун кој се откупува во Албанија од грчка компанија која има своја фирма ќерка и во Македонија кој само транзитира низ земјава.

-Кај нас се увезува тутун ‘Вирџинија’ широко лисен. Има фирми кои ги злоупотребуваат некои работи, не е мое да ги објаснувам си има надлежни органи, а знаеме како оди целата шема. Увезуваат тутун во лист од типот ‘Вирџинија’ со потекло од Србија, Бугарија па и од Грција, го вртат низ цела Македонија, злоупотребуваат одредена дозвола и после кога ќе влезе тој тутун му се губи трага. Јасно е дека тој тутун оди за режење на примитивни машини и истиот се продава на зелените пазари како тутун за виткање цигари, но тој нема никаква врска со ориенталскиот тип на тутун кој се одгледува кај нас, вели Златко Арсов, професор по тутун на Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје.

Според професорот годинава во однос на квалитетот беше нешто полоша од претходните и во исто време заради корона кризата беше намалена и побарувачката што се одрази врз интересот за тутун односно се одрази да откупувачите наместо помека линија при откуп како во претходните години кога даваа и една класа повисока од реалната, годинава се држеа строго по мерилата за откуп и не беа многу заинтересирани за откуп на повеќе отколку што имаа обврска со договорите. Според податоците од интернационалните компании за тутун годинава е намалена во цел свет побарувачката за тутун, а тоа се должи на ковид кризата кога доста кафеани не работат како што работеле. Исто така како причина за намалената побарувачка за тутун се смета појавата на се поголем број на електронски цигари како и на се поголемиот пробив на цигари од типот на Ајкос односно несогорливите тутунски производи кои се всушност мали цигари кои собираат двојно помалку тутун, а доста се раширија во Русија, Јапонија и Европа што се глобални трендови на кои ние не можеме да влијаеме. Од тука мора да се прилагодиме и на новите предвидувања и побарувачка која налага дека за следната година тутунската индустрија има намера да купи само 21.000.000 кг на ориенталски тип на тутун од Македонија без можност некоја да ги присилува или да ги натера да купат повеќе кога и овдешните фирми откупувачи имаат однапред планирани договори колку треба да откупат во однос на барањата на извозните фабрики за цигари. За да се најде начин како да се заменат нивите на кои сега се одгледува тутун со доходовни култури во текот на 2019 година, на терен се правеле научни и теренски опити. Во рамките на европскиот проект се подигнале 30 опитни парцели на различни места кај тутунари сите со по еден декар. Целта било да се препорача на тутунарите што да одгледуваат кога ќе се соочат со намалена побарувачка како што е веќе тоа годинава за некои тутунари.

-Ние се водевме од принципот да бидат едногодишни култури, но со услов да може да се обработуваат со постојната земјоделска механизација која се употребува за тутунот односно да нема во тој дел дополнителни давачки и да даваат успешни приноси и на сушни услови. Од мноштвото култури ние се одлучивме да ги тестираме културите како стевиа, афион, некои ароматични растенија како анасонот или лековите растенија како нането и слично. Од сите кои ги испитувавме како најперспективна се покажа стевиата како растение од кое се користи листот во индустријата како природен засладувач. Но, иако беше најдоходовна култура која може да се препорача како замена за тутунот сепак за неа се покажа дека нема интерес од нашите компании за откуп, па за пазар останува само ако се организира некаков откуп на листот од стевиата за извоз, додаде професорот Арсов.

Во однос на најавите за укинување на одредени  класи при откупот, професорот е со став дека на тој начина само  ќе изгубат тутунарите. Според него колку повеќе класи има при откупот толку повеќе може да се прават пореални проценки, отколку ако бидат само три класи како што се бара тогаш и разликата во цена од класа до класа ќе биде голема и така доста големи загуби ќе има за тутунарите.

Тим на Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close