Агро бизнисВестиМакедонија
Тутунска надеж бара од Владата еднократна помош за погодените земјоделци од вчерашното невреме
Дали има пропуст во следењето на градобијните облаци за вчерашното невреме?
Здружението Тутунска надеж бара земјоделците кои вчера беа погодени од невремето со град да добијат еднократна помош од Владата како минимален надомест на штетите што ги претпеа од поројниот дожд и град. Од здружението велат дека треба општински комисии да ги утврдат штетите , но и да с епобара евентуална одговорност дали затаил човечкиот фактор, па е направен пропуст при следењето на градобијните облаци.
ПОСЛЕ ВЧЕРАШНОТО НЕВРЕМЕ КОЕ ОСТАВИ ПУСТОШ НИЗ АТАРИТЕ ВО ПЕЛАГОНИЈА, Тутунска Надеж БАРА СИТЕ ОПШТИНИ ВО ЧИИ РАМКИ ИМА ШТЕТИ, ДА ФОРМИРААТ КОМИСИИ КОИ ЌЕ ИЗЛЕЗАТ НА ТЕРЕН И ЌЕ ГИ УТВРДАТ НАСТАНАТИТЕ ШТЕТИ. ИСТО ТАКА, БАРАМЕ, ВЛАДАТА НА ИТНА СЕДНИЦА ДА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ИСПЛАТА НА ЕДНОКРАТНА ПОМОШ НА СИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ КОИ ПРЕТРПЕА ШТЕТИ..
Тутунска надеж ИСТО ТАКА БАРА ДА СЕ ФОРМИРА КОМИСИЈА КОЈА ЌЕ ИСПИТА ДАЛИ ЗА ВЧЕРАШНОТО НЕВРЕМЕ ИМА ВИНА ВО ЧОВЕЧКИ ФАКТОР, ДАЛИ НЕКОЈ НАПРАВИЛ ПРОПУСТ ПРИ СЛЕДЕЊЕТО НА ГРАДОБИЈНИТЕ ОБЛАЦИ И АКО ПОСТОИ ТАКВО НЕШТО, ВИНОВНИКОТ ДА СНОСИ ПОСЛЕДИЦИ…
ОВА ДА СЕ СМЕТА КАКО ОФИЦИЈАЛНО БАРАЊЕ И ДА СЕ ПОСТАПИ ПО НЕГО БИДЕЈЌИ СОСТОЈБИТЕ НЕ ТРПАТ ОДОЛГОВЛЕКУВАЊЕ.