fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Убава вест! Исплатени субвенции за градинарите!

МЗШВ: Исплатени 214,7 милиони денари субвенции за производителите на градинарски култури до близу 11.000 корисници

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците производители на градинарски култури дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР изврши исплата на директните плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници.

Исплатена е вкупна сума од 214,7 милиони денари до сметките на 10.987 корисници.

Како корисници на оваа поддршка се јавуваат земјоделски стопанства кои пријавиле обработени површини со домати, пиперка, лубеница, дињатиква, грав, боранија, грашок, компир, краставици, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, тиквички, зелена салата, брокула, спанаќ, карфиол, модар патлиџан, рукола, морков, целер, пашканат, цвекло, аспарагус, ротквици, цвеќе и култувирани, ароматични и зачински растенија.

Навремено во текот на овој месец Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на субвенциите до 14.830 лозаропроизводители во вредност од 597 милиони денари, како и субвенциите за полјоделските култури во вредност од 422,4 милиони денари до над 24.000 корисници.

Посветено работиме водејќи грижа за секој еден земјоделец. За 2023 година обезбедивме најголем земјоделски буџет вреден 200 милиони евра, средства со кои успешно ги реалзиираме сите нови мерки за поддршка на земјоделците и за навремена исплата на субвенциите.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close