fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Учениците од земјоделското училиште во Битола ја продолжија традицијата на закројување лозје

Учениците од земјоделското училиште во Битола ја продолжија традицијата на закројување лозје

Учениците од Средното Општинско училиште „Кузман Шапкарев “ Битола  денеска во чест на заштитникот на лозарите Св. Трифун ги закроија лозите во кругот на ова училиште. Предводени од својот професор Јордан Кузмановски   ја продолжија традицијата што во ова училиште се негува години наназад.

Со денешната активност проф. Јордан Кузмановски не само што се обидува да им пренесе на учениците дел од нашата традиција што со векови е присутна на овие простори туку и да ги едуцира  учениците како правилно се извршува режењето кај лозите за да се добие поголем род.

-Денес ја продолжуваме традицијата  во чест на заштитникот Св. Трифун. Ги закројуваме лозите, ги едуцираме учениците како еден од најважните сегменти за квалитетно произвдство. Ова е дел од наставата по лозаро-овоштарство. рече проф. Кузмановски за Зелена берза.

За таа цел проф. Кузмановски  уште минатата година во дворот на училиште засади лози за да може праксата на учениците да им биде поблиску.

П.Ј.

 

 

 

Слични написи

Back to top button
Close