Се садат и вински и трпезни сорти грозје

(Oвој напис е објавен на: February 9, 2017)

Есенва што помина беше забележан интерес за подигнување нови лозови насади во Тиквешко, велат во работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Неготино.

– Дел од земјоделците ја користат Програмата за рурален развој при што им се враќаат половина од вложените средства во новата инвестиција, вели раководителот Ѓорѓи Ајтов.

GrozjeLozje

 

Тој кажува дека најголем интерес имало за подигнување млади лозови насади со лозови калеми од винските сорти „вранец”, „смедеревка” и „темјаника”. Од трпезните, најинтересни за лозарите биле „викторија” и „мишел палиер”.

За да се стекнат со право за финансиска поддршка, на земјоделците им е потребно посадочниот материјал да им биде сертифициран и од познат производител. Истовремено, треба да направат анализа на почвата во нивната нива, за да се утврди дали земјиштето е погодно за одгледување винова лоза.

se sadat i vinski trpezni sorti grozje

 

Ајтов кажува дека подигнувањето нов лозов насад може да се реализира во есен или напролет, почнувајќи од ноември до крајот на месец март. Новите лозови калеми можат да се посадат во тој временски интервал, ако условите дозволуваат такво нешто.

Во расадникот во неготинското село Тимјаник исто така го потврдуваат интересот кај лозарите за обезбедување лозови калеми од овие неколку сорти, особено за „темјаниката”.