Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Уловени над 500 метра мрежи на акумулацијата „Стрежево“
Борбата со рибокрадството продолжува!
На акумулацијата „Стрежево“, меѓу селата Лера и Свињиште од страна на рибочуварската служба на ЈП „Стрежево” – Битола се пронајдени и запленети рибарски мрежи, со големи окца, наменети за крупна риба со вкупна должина над 500 метри.
Притоа, констатирано е кривично дело согласно Кривичниот законик, a мрежите се подигнати за понатамошна постапка и кривично гонење на сторителите.
Мрежите, во координација со Државниот инспекторат за земјоделство, како строго забранети за риболов се подигнати заедно со уловот на риба.
ЈП „Стрежево” – Битола ги известува граѓаните дека во следниот период, особено пред и за време на претстојните празници, ќе продолжи да врши засилени контроли на акумулацијата „Стрежево“, во соработка со рекреативните риболовци, надлежните инспекциски служби и полицијата.
Борбата со рибокрадството продолжува!