fbpx
ВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Упатсва од Кина за дезинфекција и чистење на домот

Србинката Јована Радовиќ живее во Пекинг и 47 дена биле во карантин. Ова е нејзиниот текст објавен на социјалните мрежи за тоа како најдобро да го заштитите домот и семејството – совет од надлежните институции во Кина.

  1. Дезинфекција на обувките:средство за дезинфекција на база на хлор и вода, ставено во шише со распрскувач. Ова ни стои на влезната врата и ги прскаме чевлите пред да влеземе во домот.
  2. Дезинфекција на облеката:јакните со кои одиме надвор ги чуваме исклучиво на тераса, по потреба ги прскаме со алкохол. Бидејќи се движиме само низ населбата каде нема заразени во домет од 2km, прскањето не е потребно, но нема штета. Останатите алишта ги перам исто како и секогаш, само со продолжено перење.
  3. Дезинфекција за нас:Во Кина, маските беа задолжителни уште од почетокот на епидемијата. Надвор стоиме и се движиме на растојание, маската не ја допираме, лицето и очите никако.
  4. Кога се враќаме од надвор:пред вратата ја прскаме облеката, влегуваме, ја соблекуваме јакната, миеме раце, носиме јакна на тераса, миеме раце, ја вадиме маската без да го допреме предниот дел, повторно ги миеме рацете и со алкохол ги бришеме клучевите и телефонот.
  5. Купеното овошје и зеленчуккое се јаде свежо, прво го киснеме во раствор од сода бикарбона и оцет. Другото се готви добро и не јадеме меко варени јајца.
  6. За чистење на домотисто користиме средство на база на хлор затоа што имаме плочки и ламинат, немаме теписи. Работните површини ги бришеме со алкохол, кујнската даска ја миеме редовно и добро и користиме различни даски за месо и зеленчук.

Можеби ви звучи комплицирано, но воопшто не е тешко. Кога ќе си го фатите редот, ќе ви биде како будење, миење и пиење кафе.

Извор:црнобело

Слични написи

Back to top button
Close