вести

Неготино ќе бира најубави вина и ракии

Неготино ќе бира најубави вина и ракии, како дел од бројните активности со кои ќе биде одбележан верскиот празник Свети Трифун, кој се смета за заштитиник на лозарите, информираат од неготинската локална самоуправа.

negotino kje bira najubavi vina i rakii

 

– Активностите за одбележување на празникот веќе започнаа, а ќе станат поинтензивни наредниот петок, кога на агендата се предвидени организирана дегустација, натпревар во вино и ракија на индивидуалните производители во општина Неготино и предавање за заштита на земјоделските растенија и производи, соопштија од општината.

Во сабота на 13 февруари во програмата стои организирана дегустација, натпревар во бело и црно вино со учество на домашни и интернационални винарии, денот на вранецот, винска тура, предавање за заштита на виновата лоза, традиционална копаничарска изложба.

– Централниот настан е на 14 февруари, со фолклорно дефиле и фолклорно-културни изведби на бина, учество на локални естрадни уметници, ритуал на обредно закројување на винова лоза и доделување на награди на учесниците во натпреварот за најдобри вина и ракии. Тогаш на градскиот плоштад ќе има и промотивни штандови со вино и храна, информираа од локалната самоуправа Неготино.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close