fbpx
ВестиВкусот на традицијатаТоп вести

Урми: Најслаткото и најздравото овошје на светот

Урмите се едно од најслатките овошја. Тие се одгледуваат традиционално во Ирак, Северна Африка и Мароко, а ова овошје е споменато повеќе од 50 пати во Библијата и околу 20 пати во Куранот.

Ако во вашата исхрана е потребно да додадете калиум, бакар или природни влакна, урмите се одлично решение. Тие содржат и манган, витамин Б6, магнезиум, а се многу корисни за нашето здравје.

Здрави коски

Со оглед на тоа дека се богати со магнезиум, манган, селен и бакар, тие се одлични за одржување на здравјето на коските и намалување на ризикот од различни заболувања, како остеоперозата.

Низок холестерол

Тие содржат многу малку масти и влијаат на намалување на лошиот холестерол во крвта. Затоа, се препорачуваат 3-5 урми дневно.

Богати со протеини

Урмите се одличен извор на протеини, кои ги одржуваат мускулите силни и ни помагаат да останеме фит. Се препорачуваат после тренингот, како дел од стандардната дневна рутина.

Здрав нервен систем

Поради комбинацијата на минерали кои ги содржат, урмите се одлични за одржување на здрав и силен нервен систем.

Го подобруваат варењето

Ако ги конзумирате урмите кои претходно неколку часа биле потопени во вода, имате голема можност да го подобрите системот за варење. Освен тоа, тие се препорачуваат и за оние кои имаат проблеми со желудникот.

Богати со витамини

Урмите содржат витамини од групата Б, како Б1, Б2, Б3 и Б5, но и витамини А и Ц. Тие се препорачуваат наместо земањето суплементи во текот на денот. Одлични се и како замена за многу видови благо, како и меѓу оброците.

Здрава кожа

Витаминот Д и Ц се одлична комбинација за подобрување на еластичноста на кожата и одржување на мазна и здрава кожа. Особено се препорачуваат за оние кои имаат проблеми со кожата.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close