Програмата „Млад земјоделец“ пред каменичките земјоделци

Раководителите на подрачните служби на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за рурален развој на работна средба во Македонска Каменица ги информираа земјоделците за програмата “Млад земјоделец” и останатите мерки кои Влада на Република Македонија ги нуди за развој на земјоделието.
Сите земјоделци кои сакаат да аплицираат за средства од оваа програма како што истакна претставникот на МЗШВ, Илија Каранфиловски, треба да бидат на возраст од 18-40 години и да бидат запишани во Единствениот регистар за земјоделски стопанства.
-Еден од условите да се земат средства од тие фондови потребно е да имате регистри отворени во Министерството за земјоделие. за да ги знаеме вашите производни капацитети, со кои површини располагате, одгледувалишта итн. Конкретно за мерката „Млад земјоделец“ условот е регистерот да не биде постар од 18 месеци, а апликантот да биде на возраст од 18 до 40 години. Со таа мерка се дава можност сите млади да можат да ги преземат регистри од своите родители и притоа кога ќе се задоволат условите тогаш заинтересираните имаат право на апликација, рече Каранфиловски.
Финансиската поддршка за заинтересираните кои ќе конкурираат по мерката за млади земјоделци, оваа година ќе се доделува во форма на грант во висина од 10.000 евра, инфомираше Неџбедин Мемедов од АПРЗ Делчево.
Целта на средбата како што истакна градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова е младите да бидат информирани околу постапките за аплицирање како навреме би се запазил рокот за апликантите по мерката Млад земјоделец кој истекува на 19 октомври.
Share Button