вестиМакедонијаТоп вести

Уште десет дена за поднесување барања за субвенции за премии во осигурување на посевите и добитокот

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги потсетува сите земјоделци дека остануваат уште десет дена за поднесување барања за помош за премии во осигурување. Ова значи дека сите земјоделци кои веќе ги осигурале посевите или добитокот ќе можат до 31 август 2020 година да достават барање за добивање финансиска поддршка за полисите за осигурување.

Барањата се доставуваат секој работен ден во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Преку оваа мерка, државата субвенционира 60 отсто од средствата што земјоделците ги дале за полисата за осигурување на родот и добитокот. На овој начин директно им се помага на земјоделците во намалување на трошоците за заштита на родот од временски непогоди, а истовремено се штитат и од можни загуби доколку дојде до нив“, појаснува директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој апелира до сите земјоделци да не чекаат последниот рок за поднесување на барањата, туку навреме и со користење  заштитни маски за заштита од коронавирус да ги достават барањата до подрачните едници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.


 

makfax.com.mk

Слични написи

Back to top button
Close