fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Утре е неработен ден за Турците во Македонија

Турците во Македонија утре ќе го одбележат Денот на настава на турски јазик. Поради тоа за нив утрешниот ден ќе биде неработен.

„Согласно со Законот за празниците, 21 декември 2023 година (четврток), Денот на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница“, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Министерството за труд и социјална политика им го честита Денот на наставата на турски јазик.

Ова е единствениот национален празник што го прославуваат Турците во Македонија.

Наставата на турски јазик во земјава прв пат била воведена во основното училиште „Тефејуз“ во Скопје во 1944 година, а од 2007 година е и неработен ден за Турците.

Според Пописот од 2021 година, од 1.836.713 резидентни жители, како Турци се изјасниле 69.795 граѓани.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close