fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Утре ќе знаеме на кои зеленчуци и овошја ќе им замрзнат цените

Министерството за земјоделство ги доставило влезните параметри за овошјето и зеленчукот до Министерството за економија, а ќе се земат предвид и податоците од Царинската управа.

До утре ќе се знае кои видови на зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени, најави министерот за економија Крешник Бектеши, а анализите се во тек. Министерството за земјоделство ги доставило влезните параметри за овошјето и зеленчукот до Министерството за економија, а ќе се земат предвид и податоците од Царинската управа.

– Ќе ги имаме сите податоци и во петок или во недела ќе ја информираме јавноста на кои овошја и зеленчуци ќе се замрзнат цените – истакна Бектеши во средата.

Од денеска треба да почне примената на владината одлука за замрзнување на цените на дел од хигиенските производи кои воедно и поевтинуваат за 13 проценти. Претходно, со одлука на Владата, беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и цените на јајцата и оризот кои останаа на нивото од 15 овој месец, додека цената на белиот и на полубелиот леб од 450 грама е замрзната на 33 денари.

 

 

Според министерот Бектеши, замрзнувањето на цените е мерка која дава резултат и можно е да се пролонгира кај одредени производи и по утврдениот краен рок, доколку се процени дека за тоа има потреба. Исто така, најави дека не се исклучени и други вакви интервенции.

Министерот е дециден дека нема да дојде до нагло поскапување на производите кога ќе престанат да важат владините одлуки за замрзнување на цените.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close