вестиВино

Утре започнува Виноскоп

Десеттиот фестивал на виното „Виноскоп“ почнува утре, среда, на нова локација-плоштадот „Мајка Тереза“ или платото пред МОБ.

utre zapochnuva vinoskop

 

– Фестивалот е поместен на новата локација поради технички причини – информира организаторот „Темов“.

„Виноскоп“ ќе биде отворен за посетители од 12 часот, а ќе се одржува до 2 октомври. Посетителите во петте фестивалски денови ќе може да дегустираат вино од десет македонски винарии, вински коктели-сангрија и вино мохито. Покрај виното ќе има македонски деликатеси: сирења, кашкавали, сувомеснати производи.

Годинава во музичката програма ќе има џез, блуз, фолк, рок, поп, танго, ирска музика, етно, шлагери…

– Веднаш до плоштадот „Мајка Тереза“ има неколку паркинзи каде може да паркираат оние што ќе доаѓаат со возила. Препорачуваме сите што планираат да конзумираат алкохол да не возат, туку да користат јавен превоз или такси – соопшти организаторот.

Влезот на фестивалот е бесплатен.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close