fbpx
ВестиМакедонија

Утринава студено, преку ден сончево со мала облачност

Во следните денови времето ќе биде стабилно.

Времето утринава е студено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 16 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно. До утре утринските температури ќе бидат зачително ниски, на повеќето места под нулата, а дневните ќе бидат во пораст, особено за време на викендот. Од почетокот на работната недела утринските температури ќе бидат над нулата.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close