Агро бизнисВестиТоп вести
Утрово најстудено на Попова Шапка – 16, во Крушево минус 13
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа и дневните ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.
Студено утро и минусни температури с ерегистрирани утрово, Минус 16 степени во Попова Шапка, Крушево минус 13, Берово минус 10, Битола минус 9 степени.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа и дневните ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер.





