ВестиМакедонија

Забрана за работа на асфалтна база во Куманово заради прекумерно загадување на воздухот

Граѓаните од населбите Железничка станица, Бедиње и Черкези доставија видео запис на кој можеше да се види емисија на густ чад

Државниот инспекторат за животна средина на 5-ти март изврши вонреден надзор на асфалтната база Кооп инженеринг ДОО во Куманово. Граѓаните од населбите Железничка станица, Бедиње и Черкези доставија видео запис на кој можеше да се види емисија на густ чад, поради што во текот на ненајавениот надзор се извршија мерења на отпадни гасови и прашина од страна на акредитирана лабораторија. Целта на мерењата е утврдување на реалните емисии и проверка на претходни извештаи за почитување на граничните вредности од дозволата, нарачани од страна на самата инсталација.

Со Извештајот на акредитираната лабораторија се утврди повеќекратно надминување на граничните вредности за прашина. Во согласност со наодот на лабораторијата, на 12-ти март на асфалтната база ѝ беше наредено да престане со работа во период до 30 дена, односно додека се постави соодветен вреќаст филтер. Филтерот ќе обезбеди дека со наредни лабораториски мерења емисиите ќе бидат во рамките на дозволените граници.
Државниот инспекторат за животна средина ќе продолжи со ненајавени мерења на емисиите во воздухот и испуштањето на отпадни води од страна на загадувачите, што ќе ги врши акредитирана лабораторија, ангажирана по пат на јавна набавка.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close