Без категорија
Утрово најстудено во Битола и Берово минус 4 степени
Продолжува период на стабилно време
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.





