Во четврток и петок во Ресен ќе се одржи традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер“.
Свеченото откинување на првото јаболко симболично че се направи в петок на верскиот празник Крстовден, во овошниот насад на „Свислион Агроплод“, со почеток во 11 часот. На плоштадот во „Цар Самоил“ во Ресен ќе има и саемска манифестација на која ќе бидат презентирани производи и земјоделска механизација од реномирани дистирбутерски компании во земјата.
Во големата сала на општина Ресен ќе се одржи трибина „Со инвестиции на откуп и преработувачки капацитети до конкурентни земјоделски производи“.
Во рамки на манифестацијата предвидени се повеќе спортски и културни содржини.