fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

В понеделник почнуваат преговорите со стратешкиот партнер за Коридорот 8

Договорот за градење за проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и за Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола

Владата на денеска донесе одлука со која го задолжи Комитетот за преговори за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 да ги започне преговорите со стратешкот партнер на 6 февруари 2023 година.

Како што соопшти владината Прес-служба, Владата на предлог на Комитетот за преговори за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8, го задолжи преговачкиот тим за сите детали и услови на Договорот за градење за проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и за Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола), да ги започне преговорите со стратешкот партнер на 6 февруари 2023 година.

– За исходот од преговорите е заклучено преговачкиот тим да состави Извештај, што ќе го достави на разгледување и одобрување до Комитетот за преговори, во рок од 21 ден од денот на завршување на преговорите, се нацедува во соопштението од одржаните 124-та и 125-та владина седница.
Владата, исто така, ја разгледа и усвои и Информацијата во врска со потребата од поднесување на ВБИФ апликација, за инвестициски грант, за изградбата на експресниот пат А2, делница Крива Паланка – Длабочица – Страцин (Чатал), како дел од Коридор 8.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close