Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
В понеделник Владата ќе одлучи дали ќе ја замрзне цената на јајцата
На листата за замрзнување на цените и шеќерот и оризот
Владата утре ќе одлучи дали ќе ги замрзне цените на јајцата, шеќерот и на оризот. Анализите во понеделник ќе се разгледуваат на владина седница.
Владата веќе ја замрзна цената на лебот на 33 денари, а потоа ги намали цените на тестенините за 15%, а на млечните производи за 10%. Цените ќе важат до крајот на мај.
Синдикатите бараа цените да бидат замрзнати уште минатата година на почетоците на инфлацијата и затоа сметаат дека со сегашниот потег државата нема да ги ублажи животните трошоци на граѓаните.
Инфлацијата во земјава февруари годинава изнесуваше 16,7 отсто, во однос на истиот месец лани.