fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

ВАЖНО-Амбалажата обезбедена, Прилепскиот комбинат почна со откуп на тутунот од кооперантите на Далија Табак

Изјава на Кире Станкоски директор на Прилепскиот тутунски комбинат

Амбалажата е обезбедена за кооперантите на Далија Табак и е однесена во Радовиш од каде тутунарите можат да се задолжат со картони и да го предадат тутунот. Според изјава на Кире Станкоски директор на Прилепскиот тутунски комбинат откупот почна денеска на откупни пунктови во Радовишко, каде дваесеттина кооперанти веќе го предале договорениот тутун.

-Ние се јавуваме како спасители на ситуација за на тутунарите да не им пропадне родот. По сила на закони семето му го даде Далија Табак, и тие треба да ја обезбедат амбалажата. Значи ние пративме шлепер во Кавадарци на наш трошок ги зедовме картоните и ги однесовме во Радовиш на откупен пункт. Значи тутунарите со договорите од Далија Табак веќе од денес имаат амбалажа и можат да се задолжат за да го предадат тутунот. Всушност ние од денес во Радовишко почнавме со откупување на тутунот на кооперантите од Далија Табак, веќе откупивме тутун од дваесеттина тутунари, изјави за Зелена берза, Кире Станкоски, директор на Прилепски тутунски комбинат.

А. Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close