fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Важност на биоќумурот

Трето соопштение за проект DIVAGRI (H2020)

Проектот DIVAGRI има за цел да ја зголеми продуктивноста, приходите и економските можности за егзистенција на малите земјоделци во сушните и полусушните региони на Суб-Сахарска Африка преку имплементирање на најсовремени, иновативни био решенија кои ќе го подобрат земјоделското производство, овозможувајќи диверзификација на посевите и зголемување на додадената вредност, потоа создавање еколошка, социјална и економска одржливост и генерирање нови локални економски можности.

Визијата на DIVAGRI е да придонесе за одржлив начин на живот во руралните области на Африка, преку домашниот земјоделско-прехранбен систем, а со цел да го одржат растечкото население на инклузивен и еколошки начин на долг рок. Tехнологиите базирани на био решенија го подобрува квалитетот и квантитетот на земјоделските инпути, или овозможува производство на нови био-базирани крајни производи од неискористени ресурси (нуспроизводи и отпад). Едно од таквите решенија вклучено во активностите на проектот е и производството на биоќумур (Biochar).

Биоќумурот е лесен остаток со висока содржина на јаглерод кој останува по пиролиза (тоа е процес со ограничена содржина на кислород) или термичко распаѓање на биомасата во отсуство на кислород. За производство на биоќумур се користи растителниот материјал како што се остатоците од земјоделските култури. Биоќумурот позитивно влијае врз складирањето на јаглеродот во почвата, а со тоа го ублажува влијанието на климатските промени врз земјоделството. Исто така, биоќумурот позитивно влијае на плодноста на почвата, го подобрува водно-водушниот режим на почвата, а со тоа ја зголемува продуктивноста. Како една од активностите на проектот DIVAGRI е и креирање на микро-печки кои ќе се користат за пиролиза на мали земјоделски површини. За таа цел Namibian University of Science and Technology (NUST) кој е еден од 21 партнери во проектот произведе микро печка Top-Lit Updraft (TLUD) која има повеќе намени. Микро печката може да произведува биоќумур, да се готви храна и да загрева вода.

 

Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, како еден од партнерите во DIVAGRI конзорциумот, а поттикнат од идејата и позитивните страни на биоќумурот, активно врши промоција на оваа био-базирана технологија (ББТ). Така, Факултетот за земјоделски науки и храна како партнер и главна истражувачка институција во проектот „Иновативни третмани на птичјо ѓубре, за намален отпад и употреба на агрохемикалии во земјоделството во Демир Хисар“, финансиран преку ГЕФ ПМГ и спроведуван од Здружението за зачувување на агробиодиверзитетот, рурален развој и природа АКОРН од Скопје, меѓу другото го промовираат производството и употребата на биоќумур во фармерското производство.

Подолу, во ова трето соопштение, ќе прикажеме дел од ова иновативно био-базирано решение кое е се спроведува во рамки на оваа проектна активност.

 

 

 

Опис

Печката за биоќумур е специјализиран уред кој се користи за производство на биоќумур – тоа е вид на јаглен произведен од органски материјали преку процес на пиролиза.

 

Важност на биоќумурот

•  Ја подобрува структурата на почвата, го зголемува задржувањето на водата и достапноста на хранливите материи.

•  Биоќумурот позитивно влијае на складирањето на јаглерод во почвата, а со тоа придонесува кон ублажување на климатските промени.

•  Пренамена на биомасaта како вреден ресурс, а со тоа и намалување на отпадот.

 

Предизвици

·         Придобивките од биоќумурот сеуште не се добро проширени помеѓу  земјоделците поради што истиот помалку се користи во пракса.

 

 

The DIVAGRI project has received funding from the European Union’s Horizon 2020 Research and Innovation Programme under grant agreement No 101000348. This publication reflects the views only of the author, and the European Union cannot be held responsible for any use, which may be made of the information contained therein.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close