fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Вечер во Прилеп ќе се одржи отворена трибина „ЕУ за развој на македонското земјоделство“.

Ќе се обрати министерот Николовски, а меѓу гостите се амбасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер и претставничката на организацијата Агро Лидер Марина Тошеска.

Во рамки на кампањата „Ние сме Европа“, која ја  предводник заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, вечер во Прилеп ќе се одржи отворена трибина „ЕУ за развој на македонското земјоделство“.

На трибината е најавено обраќање на вицепремиерот Маричиќ и на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, а меѓу гостите се амбасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер и претставничката на организацијата Агро Лидер Марина Тошеска.

Кампањата се реализира во осум градови низ државата и тоа следно во Прилеп, Охрид, Штип, Тетово и Куманово и притоа се организираат трибини и средби со граѓани и дискусија на неколку теми: земјоделство, енергетика, туризам, економија, млади и инфраструктура. Активностите во секој од градовите вклучуваат и посета на локалитет од значење за конкретниот град.

-Секретаријатот за европски прашања и Владата на Република Северна Македонија ги афирмираат и промовираат европските вредности, во време на важни одлуки за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, кои не’ засегаат сите нас, граѓаните и тоа во духот на демократијата, мултикултурализмот, владеењето на правото, почитувањето на фундаменталните и човековите права, итн., наведуваат од СЕП.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close