fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Ветеринарна амбуланта од Демир Хисар ќе ги третира кучињата скитници во Кичево

Општина Кичево ги информира граѓаните во врска со се поизразениот проблем со бездомни кучиња, кои почнаа да претставуваат опасност за животот и здравјето на населението, како и дека заловување на бездомните кучиња ќе го врши Ветеринарната амбуланта „Зебра ветерина“ од Демир Хисар.

Како што се наведува во соопштението од Општината, со цел, разрешување на настанатиот проблем, Општина Кичево, во рамки на законските норми, презема мерки и активности, кои се во согласност со План и Програма за решавање на проблемот со бездомните животни на подрачјето на Општина Кичево, донесена од страна на Советот на Општина Кичево.

Една од активностите е заловување на бездомните кучиња, коешто ќе го врши Ветеринарна амбуланта „Зебра ветерина” од Демир Хисар, од страна на квалификувани лица. Во насока на тоа, како што информираат, веќе е отпочнато со процесот на заловување на сите кучиња што ќе се затекнат на јавни површини.

Од Општината ги повикуваат граѓаните да се вклучат во целата постапка, посочувајќи ги локациите каде забележале или се соочиле со проблем на присуство на бездомни кучиња. Ова известување се врши и од причина што секое куче што ќе се забележи слободно без сопственик да шета на јавни површини, во соработка со ветеринарната станица, ќе се врши проверка дали е регистрирано, вакцинирано, третирано како што е законски пропишано и соодветно на тоа, ќе се применат пропишаните законски мерки.

Извор:Опсервер.мк

Слични написи

Back to top button
Close