fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Видови зеленчук што може да се одгледуваат во саксии

Одгледувањето зеленчук во саксии стана особено популарно во последниве години. На овој начин во исхраната ќе вклучите здрава храна која не е полна со пестициди.

Треба да купите саксии со дренажни дупки. Ставете погруб материјал на дното, т.е. груб чакал. Потоа нанесете земја. Постојат неколку видови на зеленчук што можете да ги одгледувате во саксии. Гравот најдобро се сади во периодот од септември до ноември. Садот треба да биде со дијаметар од 30 сантиметри и длабок 25 сантиметри.

Ако сакате да засадите краставица, семето треба да го посеете напролет, кога температурата е над 15 степени. Ќе треба растението да го потпрете со стапови или јаже, а плодовите ќе созреат за 42 дена.

Малите, т.н. бејби моркови можете да ги засадите во тегли или саксии. Важно е редовно да ги полевате. Цвеклото е исто така една од намирниците што можете да ја засадите.

Доколку имате намера да одгледувате модар патлиџан, имајте на ум дека треба постојано да се полева и да се чува на многу топло и сончево место. Врзете го на кол.

Зелка, карфиол и брокула не бараат многу труд. Доброто е што во саксии можете да одгледувате и сладок компир. Во длабоки саксии можете да засадите до шест растенија грашок.

Засадете чери домати во саксии длабоки до 15 сантиметри, а за други видови домати користете саксии длабоки до 30 сантиметри. За да засадите ротквици, расфрлајте ги семките во мала саксија и редовно полевајте.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close