fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Викендов ќе се одржи Фестивал на италијанска храна во Скопје со богата и забавна програма

Настанот предвидува богата и забавна програма, наменета за сите генерации, за љубителите на италијанската храна и култура, ликовен конкурс за деца.

Фестивалот на италијанска храна во Скопје ќе се одржи на плоштад Македонија, на 04 и 05 декември, во организација на Амбасадата на Република Италија и ИТА- Italian Trade Agency Skopje, соопштија организаторите.
Настанот на отворено со кој се одбележува 6-тата Недела на италијанската кујна во светот е со цел да се промовира традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот.
Најреномираните италијански ресторани од Скопје ќе понудат гастрономско патување низ автентичните вкусови на традиционалната кујна на некои од италијанските региони. Промоција и продажба на италијански прехранбени производи, вина, кафе и слатки…

Настанот предвидува богата и забавна програма, наменета за сите генерации, за љубителите на италијанската храна и култура, ликовен конкурс за деца.
Исто така предвидена е и лотарија за сите оние кои ќе купуваат храна и прехранбени производи за време на Фестивалот и награди од спонзорите COIN CASA, NEPTUN, BOTTEGA DEL GUSTO, EUROLAB, BOTTEGA DEL VINO.
На декември во 12.00 часот настанот ќе го отвори Амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа СилвестриЦел викенд со богата забавна програма до вечерните часови, со многу италијанска музика во живо, дружење и уживање во италијанска храна.

Во сабота, 04 декември, од 15 до 17 часот, посетителите ќе можат да уживаат во несекојдневно музичко патување низ најубавите и најромантични предели на Италија со Павле Камилоски.
Учесници на настанот се: Ресторан Ла Тераца, Ресторан Венето, Таверна Тоскана, Ботега дел Густо, Ботега дел Вино, Мато Наполетано, Еуролаб, ИТА Бренд, Амброзија Беха, Јес паста.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close