fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ваши огласи на Зелена берза

За таа цел ве известуваме дека од денес вашите огласи можете да ни ги испраќате на електронската адреса на нашата страна: oglasuvaj@zelenaberza.com.mk

За прв пат во Македонија
со работа започнува првиот специјализиран интернет портал www.zelenaberza.com.mk
каде што ќе биде концентрирана понудата и побарувачката на земјоделски производи од земјата
и странство.
За таа цел ве известуваме дека од денес вашите огласи можете да ни ги
испраќате на електронската адреса на нашата страна: oglasuvaj@zelenaberza.com.mk
Пратејќи ги светските трендови, дизајниравме портал на кој пред се ви
обезбедуваме предуслови за промовирање, пласман и продажба на индивидуалното
производство на земјоделски производи, како и полесен пристап до понудата на сите
заинтересирани посредници или крајни потрошувачи – откупни центри, ресторани,
маркети, пазари….
Идејата за ваков потег беше да се обезбеди интернет простор каде што
ефективно и ефикасно ќе се тргува исклучиво со земјоделски производи, па затоа
примарната цел на овој портал е да се спојат купувачите и продавачите на истите во
Р.Македонија, но и со соседните земји Србија, Грција, Бугарија, Хрватска, Албанија,
Италија…
Освен тоа www.zelenaberza.com.mk постојано нуди свежи информации, од
полето на аграрот како на регионално, така и на светско ниво, кои ќе овозможат
постојано следење на модерните земјоделски текови, споделува искуства, советува
преку консултации со еминентни стручњаци и дава шанса за рекламирање на сите
правни лица на кои земјоделските производи им се во полето на работа и интерес.
Огласувањето е бесплатно во основниот огласен простор, а поставувањето на
коментари ви дава можност од развој на дискусии, подобро запознавање,
промовирање и подобрување на производството!
За дополнителни информации, контактирајтене на info@zelenaberza.com.mk
Со почит,
Тимот на ЗЕЛЕНА БЕРЗА
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close